Стар Завет

Нов Завет

Ефешаните 5:25-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Мажи, љубете ги своите жени, како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа,

26. за да ја освети, очистувајќи ја со водно капење во словото,

27. и да ја претстави пред Себе славната Црква, која нема дамка, ниту брчка, или нешто слично, за да биде света и непорочна.

28. Така и мажите се должни да ги љубат своите жени како своите тела. Кој ја љуби својата жена, се љуби себеси.

29. Зашто никој никогаш не го замразил своето тело. Но го храни и го стоплува како и Христос Црквата.

30. Зашто, ние сме членови на Неговото Тело - од Неговото месо и Неговите коски.

31. ”Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи кон својата жена, и двајцата ќе станат едно тело.”

32. Оваа тајна е голема - а јас зборувам гледајќи на Христос и на Црквата.

33. И така, секој од вас да ја љуби својата жена како себеси, а жената да го почитува својот маж.

Прочитајте целосна глава Ефешаните 5