Стар Завет

Нов Завет

Ефешаните 5:13-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. А сè што се прекорува станува јавно преку светлината, зашто сè што станува јавно, светлина е.

14. Затоа се вели: „Стани, ти кој спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!”

15. И така, внимавајте грижливо како живеете! Не како немудри, туку како мудри;

16. искупувајте го времето, зашто дните се зли!

17. Затоа не бидете неразумни, туку разберете што е Господова волја!

18. И не се пијанете со вино, во кое е разузданоста, туку полнете се со Духот!

Прочитајте целосна глава Ефешаните 5