Стар Завет

Нов Завет

Ефешаните 4:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Затоа ве молам, јас затвореник во Господа, да живеете достојно според звањето во кое сте повикани:

2. со секаква понизност и кроткост, со трпеливост, поднесувајќи се едни со други во љубов!

3. Настојувајте да го запазите единството на Духот во врската на мирот.

4. Едно тело и еден Дух, како што сте и вие повикани во една надеж на вашето звање;

5. еден Господ, една вера и едно крштавање;

6. еден Бог и Татко на сите, Кој е над сите, и преку сите и во сите.

7. А секому од нас му е дадена благодатта според мерката на Христовиот дар.

8. Затоа се вели: „Издигајќи се на височина, поведе робје; им даде дарови на луѓето.”

9. А „се издигна” - што значи друго, туку дека слегол во долните места на земјата?

10. Тој Кој слезе, тоа е Оној истиот, Кој се издигна над сите небеса, за да исполни сè.

11. И Тој даде едни за апостоли, а други за пророци; едни за евангелисти, а други за пастири и учители,

Прочитајте целосна глава Ефешаните 4