Стар Завет

Нов Завет

Ефешаните 3:4-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Читајќи оттаму можете да го разберете моето сфаќање на тајната на Христа,

5. која што во другите поколенија не им беше кажана на човечките синови, како што сега преку Духот им е откриена на Неговите свети апостоли и пророци:

6. дека народите се сонаследници и припадници на истото тело, и заедничари на Неговото ветување во Христа Исуса, преку Евангелието,

7. на кое му станав служител според дарот на Божјата благодат, која ми е дадена според дејството на Неговата сила.

Прочитајте целосна глава Ефешаните 3