Стар Завет

Нов Завет

Ефешаните 1:8-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. која ја излеа изобилно на нас во секоја мудрост и разумност, -

9. соопштувајќи ни ја тајната на Својата волја, според Своето благоволение, што го одреди во Него,

10. за да ја спроведе кога ќе се исполнат времињата: за да соедини повторно во Христа: сè што е на небесата и што е на земјата - во Него,

11. во Кого и ние бевме избрани за наследници, зашто бевме определени однапред со одлуката на Оној, Кој прави сè по советот на Својата волја,

12. за да бидеме за пофалба на Неговата слава, ние, кои веќе отпорано се надевавме во Христа.

13. Во Него и вие, откако го чувте словото на вистината - Евангелието на вашето спасение - и откако и вие поверувавте, станавте запечатени со Светиот Дух на ветувањето.

Прочитајте целосна глава Ефешаните 1