Стар Завет

Нов Завет

Ефешаните 1:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Павле, преку Божја волја апостол на Исуса Христа, до светите во Ефес и верните во Христа Исуса:

2. благодат на вас и мир од Бога, нашиот Татко и од Господа Исуса Христа!

3. Да биде благословен Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој нè благослови, во Христа, со секаков духовен благослов во небесните места;

4. зашто нè избра во Него, пред создавањето на светот, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубов.

5. Како што нè и определи однапред за да нè посини преку Исуса Христа, по благоволение на Својата волја,

6. за да биде фалена славата на Неговата благодат, со која нè дарува во Возљубениот,

7. во Кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите, според богатството на Неговата благодат,

8. која ја излеа изобилно на нас во секоја мудрост и разумност, -

9. соопштувајќи ни ја тајната на Својата волја, според Своето благоволение, што го одреди во Него,

10. за да ја спроведе кога ќе се исполнат времињата: за да соедини повторно во Христа: сè што е на небесата и што е на земјата - во Него,

Прочитајте целосна глава Ефешаните 1