Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 9:31-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. И така, црквите по цела Јудеја, Галилеја и Самарија беа во мир; се изградуваа и одеа во Господовиот страв и со утехата на Светиот Дух, се намножуваа.

32. А кога Петар ги обиколуваше сите, дојде и при светите, кои живееја во Лида.

33. Таму најде еден човек, по име Енеј, кој лежеше осум години парализиран на постела.

34. И Петар му рече: „Енеј, Исус Христос те исцелува; стани и направи си го леглото!” И тој стана веднаш.

35. И го видоа сите жители во Лида и во Сарон, и се обрнаа кон Господа.

36. А во Јопија беше една ученичка по име Тавита, што преведено на елински значи Срна. Таа беше полна со добри дела и милостини, што ги правеше.

37. Во оние денови се разболе и умре; ја искапија и ја ставија во горната соба.

38. А бидејќи Лида е близу до Јопија, учениците чуја дека Петар е во Лида и испратија при него два човека со молба: „Не се двоуми да дојдеш до нас!”

39. А Петар стана и отиде со нив. Кога дојде, го одведоа во собата; и му пристапија сите вдовици плачејќи и покажувајќи му ги туниките и облеките, што ги правеше Срна додека беше со нив.

40. А Петар ги истера сите надвор, клекна на колена и се помоли; и се сврте кон мртвото тело и рече: „Тавита, стани!” А таа ги отвори очите, и кога го виде Петра седна.

41. А тој и ја подаде раката и ја подигна. Потоа ги повика светите и вдовиците и им ја покажа жива.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 9