Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 9:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А Савле, кој сè уште дишеше со закана и убиство против Господовите ученици, отиде при првосвештеникот,

2. и измоли од него писма до синагогите во Дамаск; ако најде таму некои следбеници на овој Пат, мажи и жени, да ги доведе врзани во Ерусалим.

3. Кога на својот пат му се приближи на Дамаск, одненадеж го осветли светлина од небото;

4. и падна на земјата и чу глас, кој му рече: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?”

5. А тој рече: „Кој си Ти, Господине?” А Тој рече: „Јас Сум Исус, Кого ти Го гониш. Тешко е за тебе да се риташ против бодило!”

6. Тресејќи се од страв и ужас, тој праша: „Господи што сакаш да направам?” А Господ му рече: „Стани и влези во градот, и ќе ти се каже, што треба да правиш!”

7. А мажите, кои го придружуваа, стоеја занемени, зашто го чуја гласот, а не видоа никого.

8. И Савле стана од земјата; иако очите му беа отворени, не гледаше ништо. Тогаш го зедоа за рака и го воведоа во Дамаск.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 9