Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 3:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Петар и Јован одеа во Храмот во деветтиот молитвен час,

2. тогаш носеа еден човек, хром од раѓање. Него го поставуваа секој ден пред храмската врата, наречена Красна, за да проси милостина од оние, кои влегуваа во Храмот.

3. Штом ги виде тој Петар и Јован, кога сакаа да влезат во Храмот, запроси да му дадат милостина.

4. А Петар, заедно со Јован, се вгледа во него и му рече: „Погледај нè!”

5. Меѓутоа тој внимаваше на нив, чекајќи само да добие нешто од нив.

6. Но Петар му рече: „Немам ни сребро ни злато, но што имам, тоа ти давам: во името на Исуса Христа Назареецот стани и оди!”

7. Тогаш го фати за десната рака и го исправи, а нему веднаш му зацврснаа стапалата и глуждовите, па

8. скокна, се исправи и прооди; и со нив влезе во Храмот, скокајќи и фалејќи Го Бога.

9. Така целиот народ го виде како оди и Го фали Бога.

10. И го препознаа дека е тоа оној, кој седеше пред Красната Врата на Храмот поради милостина, и се исполнија со восхит и беа вон себе заради она, што му се случи.

11. А бидејќи тој се држеше за Петар и Јован, сиот зачуден народ се собра околу нив во тремот наречен Соломонов.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 3