Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 28:3-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. А кога Павле собра многу гранки и ги стави на огнот, излезе змија, натерана од горештината, и му се фати за раката.

4. Домородците, кога видоа дека животното му виси на раката, си велеа еден на друг: „Овој човек секако е убиец: кој се спасил од морето, но и правдата не го остава да живее.”

5. Но тој ја истресе змијата во огнот и не му стана ништо лошо.

6. А тие чекаа дека ќе отече или одненадеж да падне мртов. Откако чекаа долго, видоа дека не му се случи никакво зло, го сменија своето мнение и рекоа дека е бог.

7. А околу тоа место се наоѓаше имотот на поглаварот на островот, по име Поплиј, кој нè прими и нè нагости љубезно три дена.

8. И се случи Поплиевиот татко да лежи болен од треска и болки во желудникот. Павле влезе при него, се помоли, ги положи рацете на него и се исцели.

9. По тој настан и други болни од островото доаѓаа и се исцелуваа.

10. Тие ни искажаа и многу почести, а при заминувањето нè снабдија со сè што ни беше потребно.

11. По три месеци отпловивме со еден александриски брод, што беше презимувал на островот и ги имаше Диоскурите како знак.

12. И кога стигнавме во Сиракуза и останавме таму три дни,

13. а оттаму пловејќи заобиколивме и стигнавме во Ригија; и кога по еден ден дувна јужниот ветер, дојдовме на идниот ден во Потиоли,

14. каде најдовме браќа, кои нè замолија да останеме при нив седум дена. И така тргнавме за Рим;

15. откако браќата, чуја за нас, ни излегоа во пресрет до Апиевата Ширина и до Трите Крчми. Кога Павле ги виде Му благодари на Бога и се охрабри.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 28