Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 28:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И кога се спасивме, дознавме дека островот се вика Малта.

2. А домородците ни укажаа необично човекољубие; запалија оган и нè примија сите, заради дождот што паѓаше и заради студот.

3. А кога Павле собра многу гранки и ги стави на огнот, излезе змија, натерана од горештината, и му се фати за раката.

4. Домородците, кога видоа дека животното му виси на раката, си велеа еден на друг: „Овој човек секако е убиец: кој се спасил од морето, но и правдата не го остава да живее.”

5. Но тој ја истресе змијата во огнот и не му стана ништо лошо.

6. А тие чекаа дека ќе отече или одненадеж да падне мртов. Откако чекаа долго, видоа дека не му се случи никакво зло, го сменија своето мнение и рекоа дека е бог.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 28