Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 24:15-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. и дека се надевам во Бога, како и овие сами, дека ќе има воскресение на праведните и неправедните.

16. Затоа и самиот се трудам секогаш да имам чиста совест и пред Бога и пред луѓето.

17. По многу години дојдов да му донесам милостина на својот народ и да принесам жртви,

18. при што ме најдоа, очистен во Храмот, не со народ и не со врева. И некои Јудејци од Азија,

19. кои требаа да излезат пред тебе и да ме обвинат, ако имаа нешто против мене.

20. Или овие сами нека кажат каква неправда најдоа на мене, кога стоев пред Синедрионот,

21. освен ако се работи за овој еден збор што го реков гласно, стоејќи меѓу нив: ‘заради воскресението на мртвите ме судите денес!’”

22. Тогаш Феликс, кој доста добро го познаваше тој Пат, го одложи нивното дело, велејќи: „Кога ќе дојде илјадникот Лисиј, ќе го решам вашето дело.”

23. А на стотникот му заповеда да го чуваат; но да му даваат извесна слобода и да не му бранат никому од неговите да му служат.

24. А по неколку денови дојде Феликс со својата жена Друзила, која беше Јудејка, го повика Павла и ги слушаше неговите зборови за верата во Исуса Христа.

25. А кога зборуваше за праведноста, за воздржувањето и за идниот суд, Феликс се уплаши и одговори: „Сега оди си! И кога ќе најдам време, пак ќе те повикам.”

26. Меѓутоа се надеваше дека Павле ќе му даде сребреници; затоа почесто го повикуваше и разговараше со него.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 24