Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 24:11-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Ти самиот можеш да дознаеш дека нема повеќе од дванаесет дена, откако отидов горе во Ерусалим, на поклонение,

12. и не ме најдоа ни во Храмот, ни во синагогите, ниту во градот да са расправам со некого или да го бунам народот,

13. а не можат ни тебе да ти го докажат она заради што ме обвинуваат сега.

14. Но тебе ти признавам: дека според Патот, кого тие го наречуваат ерес, така Му служам на Бога на нашите татковци, верувајќи во сè што е напишано во Законот и Пророците,

15. и дека се надевам во Бога, како и овие сами, дека ќе има воскресение на праведните и неправедните.

16. Затоа и самиот се трудам секогаш да имам чиста совест и пред Бога и пред луѓето.

17. По многу години дојдов да му донесам милостина на својот народ и да принесам жртви,

18. при што ме најдоа, очистен во Храмот, не со народ и не со врева. И некои Јудејци од Азија,

19. кои требаа да излезат пред тебе и да ме обвинат, ако имаа нешто против мене.

20. Или овие сами нека кажат каква неправда најдоа на мене, кога стоев пред Синедрионот,

21. освен ако се работи за овој еден збор што го реков гласно, стоејќи меѓу нив: ‘заради воскресението на мртвите ме судите денес!’”

22. Тогаш Феликс, кој доста добро го познаваше тој Пат, го одложи нивното дело, велејќи: „Кога ќе дојде илјадникот Лисиј, ќе го решам вашето дело.”

23. А на стотникот му заповеда да го чуваат; но да му даваат извесна слобода и да не му бранат никому од неговите да му служат.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 24