Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 21:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. И бидејќи не можевме да наговориме, ние молкнавме и рековме: „Нека биде Господовата волја!”

15. По тие денови се приготвивме и отидовме горе во Ерусалим.

16. Со нас тргнаа и некои ученици од Ќесарија и нè одведоа при некој Мнасон, Кипарец, дамнашен ученик, за да бидеме негови гости.

17. Кога стигнавме во Ерусалим, браќата нè примија радосно.

18. На идниот ден Павле отиде со нас при Јакова, а сите старешини беа присутни.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 21