8. Тогаш влезе во синагогата и таму зборуваше смело, три месеци за Божјото Царство и се трудеше да ги убеди.
9. Но бидејќи некои беа корави и непокорни, и зборуваа зло за Патот пред множеството, тој отстапи од нив и ги оддели учениците, и секојдневно проповедаше во училиштето на некој си Тиран.
10. Тоа продолжи две години, така што сите, кои живееја во Азија, Јудејците и Грците, го чуја Господовото Слово.
11. А Бог правеше необични чуда преку Павловите раце
12. така што, кога врз болните ставаа и крпи за пот и прегачи од неговото тело: и болестите ги оставаа и лошите духови излегуваа од нив.
13. А некои од Јудејците, кои скитаа и ги заколнуваа духовите, почнаа да го повикуваат името на Господа Исуса, велејќи им: „Ве заколнуваме во Исуса, Кого Павле Го проповеда!”
14. Тоа го правеа седумте синови на некој си Јудеец Скева, главен свештеник.
15. Но лошиот дух во одговор им рече: „Го познавам Исуса и Павле го знам,
16. но кои сте вие?” И човекот во кого беше лошиот дух, скокна на нив, ги совлада сите и покажа против нив таква сила, што голи и ранети побегнаа од таа куќа.
17. Тоа го научија сите Јудејци и Грци, кои живееја во Ефес и страв ги обзеде сите, а името на Господа Исуса се величаше.