Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 19:35-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. Најпосле градскиот писар го смири народот и рече: „Ефесци! Кој е оној човек, кој не знае дека градот Ефес е чувар на храмот на големата Артемида и на нејзиниот кип, што падна од небото?

36. Бидејќи тоа е неоспорно, вие треба да бидете мирни и да не преземате ништо непромислено!

37. Ги доведовте овие луѓе, кои ниту го ограбија храмот, ниту хулат на нашата божица.

38. Затоа, ако Димитриј и уметниците - кои се со него - имаат тужба против некого, судиштата заседаваат, и проконзулите се тука, нека се тужат едни со други.

39. Ако барате нешто друго, тоа ќе биде решено во собранието,

40. зашто ни се заканува опасност да бидеме обвинети заради денешниот бунт, зашто не постои никаква причина, со која можеме да го оправдаме собирот.” Кога го рече тоа, го распушти собирот.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 19