Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 13:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во Антиохиската црква имаше пророци и учители: Варнава, и Симеон наречен Нигер, па Луциј Киринеец, Манаин, кој беше воспитан заедно со четворовласникот Ирод, и Савле.

2. И кога Му служеа на Господа и постеа, Светиот Дух рече: „Одвојте ми ги Варнава и Савла за делото за кое ги повикав!”

3. Тогаш, откако постеа и се помолија, ги положија рацете на нив и ги пуштија.

4. И така тие - испратени од Светиот Дух - слегоа во Селевкија и оттаму отпловија за Кипар.

5. И кога дојдоа во Саламина, го проповедаа Божјото слово во јудејските синагоги, а го имаа и Јована за помошник.

6. И кога го поминаа целиот остров до Пафос, најдоа некој маѓепсник, лажен пророк, Јудеец, по име Варисус,

7. кој беше со проконзулот Сергиј Павле, умен човек. Овој ги повика Варнава и Савле и посака да го чуе Божјото Слово.

8. Но им се спротивстави Елим маѓепсникот, - зашто така се преведува неговото име - настојувајќи да го одврати проконзулот од верата.

9. Тогаш Савле - кој се вика и Павле - исполнет со Светиот Дух, го насочи погледот кон него и рече:

10. ”О, ти полн со секакво лукавство и злоба, ѓаволски сине, непријателу на секоја праведност, нема ли да престанеш да ги искривуваш правите Господови патишта?!

11. И, еве, сега Господовата рака паѓа на тебе: ќе бидеш слеп и за некое време не ќе го гледаш сонцето!” И во истиот миг паднаа на него мрак и темнина; и тој одеше наоколу и бараше луѓе, кои ќе го водат.

12. Тогаш проконзулот, откако виде што стана, поверува, восхитувајќи и се на Господовата наука.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 13