Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 10:20-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. туку стани, слези и оди со нив не размислувајќи, зашто Јас ги пратив!”

21. Тогаш Петар слезе при луѓето, испратени од Корнелиј при него и рече: „Еве, јас сум оној, кого го барате. Зошто дојдовте?”

22. А тие рекоа: „Стотникот Корнелиј - маж праведен и богобојазлив, посведочен од целиот јудејски народ, прими заповед од свет ангел да те повика во својот дом и да чуе зборови од тебе.”

23. Тогаш ги повика внатре и ги нагости. А утреден стана и отиде со нив, и некои браќа од Јопија отидоа со него.

24. На другиот ден влегоа во Ќесарија, а Корнелиј ги чекаше, откако ги повика своите роднини и блиските пријатели.

25. А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони.

26. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!”

27. И разговарајќи со него, влезе и најде мнозина собрани.

28. И им рече: „Вие знаете дека на Јудеец не му прилега да се дружи со човек од друг род и да доаѓа при него. Но, мене Бог ми покажа никого да не наречувам поган или нечист.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 10