Стар Завет

Нов Завет

2 Тимотеј 2:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И така, ти чедо мое, зајакнувај во благодатта, која е во Христа Исуса!

2. И што си чул од мене, пред многу сведоци, довери им го на поверливите луѓе, кои ќе бидат способни да ги поучуваат и другите!

3. Поднесувај ги со мене страдањата, како добар војник на Христа Исуса!

4. Никој, кој е во воена служба, не се заплетува во работите на овој живот, за да му угоди на оној кој го повикал во војската.

5. Исто така, ако некој се натпреварува, не добива венец ако не се натпреварува прописно.

6. Земјоделецот кој се труди треба прв да вкуси од плодовите.

7. Разбери што зборувам, Господ ќе ти даде да разбереш сè.

8. Помни Го Исуса Христа, Кој воскресна од мртвите, Кој е од Давидовото потомство, според моето Евангелие,

9. за кое страдам сè до окови, како некаков злосторник. Но Божјото слово не е оковано.

10. Заради тоа издржувам сè заради избраните, та и тие да добијат спасение со вечна слава во Христа Исуса.

Прочитајте целосна глава 2 Тимотеј 2