Стар Завет

Нов Завет

2 Тимотеј 1:11-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. за кое јас сум поставен како проповедник, и апостол, и учител.

12. Заради тоа и го трпам сè ова, но не се срамам, зашто знам во Кого сум поверувал и уверен сум дека Тој може да го запази она што Му го доверив, до оној Ден.

13. Држи се за образецот на здравите зборови што си ги чул од мене во верата и љубовта која е во Христа Исуса!

14. Запази го доброто што ти е доверено преку Светиот Дух, Кој живее во нас.

15. Ти го знаеш тоа, дека во Азија сите се одвратија од мене, меѓу кои се Фигел и Ермоген.

16. Господ да му даде милост на Онисофоровиот дом, зашто повеќе пати ме охрабруваше и не се засрами од моите окови,

17. туку, кога дојде во Рим, грижливо ме побара и ме најде.

18. Господ да му даде да најде милост пред Господа во оној Ден! И како сè ми услужи во Ефес, ти најдобро го знаеш тоа.

Прочитајте целосна глава 2 Тимотеј 1