Стар Завет

Нов Завет

2 Солунците 3:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. ниту јадевме дарум нечиј леб, туку работевме во труд и напор, ноќе и дење, за да не му бидеме на терет некому од вас.

9. Не затоа што немавме право на тоа, туку за да бидеме самите себе за пример за да нè подражавате.

10. Зашто и кога бевме со вас, ви го заповедавме ова: ако некој не сака да работи, нека и не јаде!

11. Имено, слушаме дека некои меѓу вас живеат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи.

12. На таквите им заповедаме и ги опоменуваме во Господа Исуса Христа да работат мирно и да го јадат својот леб.

Прочитајте целосна глава 2 Солунците 3