Стар Завет

Нов Завет

2 Солунците 1:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. а вам, на измачуваните, олеснување заедно со нас, кога ќе се јави Господ Исус од небото, со ангелите на Својата сила,

8. во пламенен оган, за да даде одмазда на оние кои не Го познаваат Бога и кои не му се послушни на Евангелието на нашиот Господ Исус Христос;

9. кои ќе бидат казнети со вечна пропаст далеку од лицето на Господа и од славата на Неговата сила,

10. кога ќе дојде, во оној Ден, да се прослави во Своите свети и да Му се восхитуваат сите верни, зашто вие му поверувавте на нашето сведоштво.

11. Затоа и се молиме секогаш за вас: нашиот Бог да ве смета достојни на звањето, и да ја исполни секоја добра волја во добрина и делото на вашата вера во сила,

12. за да се прослави името на нашиот Господ Исус, во вас, и вие во Него, по благодатта на нашиот Бог и Господ Исус Христос.

Прочитајте целосна глава 2 Солунците 1