Стар Завет

Нов Завет

2 Петар 3:7-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. А сегашните небеса и земјата со истото слово се запазени, и се чуваат за оган до денот на судот и погибелта на безбожните луѓе.

8. Но едно не смее да ви биде непознато, возљубени: дека за Господ еден ден е како илјада години, и илјада години како еден ден.

9. Господ не го забавува тоа што го ветил, како што некои мислат за тоа бавење, туку го покажува Своето трпение кон вас, зашто не сака некој да пропадне, туку сите да дојдат до покајание.

Прочитајте целосна глава 2 Петар 3