Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 4:7-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. А ова благо го имаме во земни садови, та изврсноста на силата да биде од Бога, а не од нас.

8. Во неволја сме отсекаде, но не сме притеснети; во двоумење сме, но не губиме надеж;

9. нè гонат, но не сме оставени; нè соборуваат, но не сме погубени.

10. Каде и да одиме, секогаш го носиме Исусовото умирање во телото, па и животот Исусов да се покаже во нашето тело.

11. Зашто ние, живите, секогаш сме предавани на смрт заради Исуса, та и животот Исусов да се покаже во нашето смртно тело.

12. И така, смртта дејствува во нас, а животот во вас.

13. А бидејќи го имаме истиот дух на верата, како што е напишано: „Поверував, затоа зборував,” и ние веруваме и затоа зборуваме,

Прочитајте целосна глава 2 Коринќаните 4