поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Затоа, имајќи го ова служење по милоста, што ја придобивме, ние не се истоштуваме,

2. туку се одрековме од тајните, срамни работи; не живееме во лукавство, ниту го изопачуваме Божјото слово, но преку откривањето на вистината се препорачуваме себеси на секоја човечка совест пред Бога.

3. Ако пак е покриено нашето Евангелие, покриено е за оние, кои загинуваат;

4. за неверните, на кои богот на овој свет им го заслепил разумот, за да не ги осветли светлината на Евангелието за славата на Христа, Кој е Божји лик.

5. Зашто, ние не се проповедаме себеси, туку Христа Исуса како Господ; а себеси како за ваши слуги заради Исуса.

6. Зашто, Бог, Кој рече светлина да засвети од темнината, Тој засвети во нашите срца, за да ги осветли со познавањето на Божјата слава во лицето на Исуса Христа.

7. А ова благо го имаме во земни садови, та изврсноста на силата да биде од Бога, а не од нас.

8. Во неволја сме отсекаде, но не сме притеснети; во двоумење сме, но не губиме надеж;

9. нè гонат, но не сме оставени; нè соборуваат, но не сме погубени.

10. Каде и да одиме, секогаш го носиме Исусовото умирање во телото, па и животот Исусов да се покаже во нашето тело.

11. Зашто ние, живите, секогаш сме предавани на смрт заради Исуса, та и животот Исусов да се покаже во нашето смртно тело.

12. И така, смртта дејствува во нас, а животот во вас.

13. А бидејќи го имаме истиот дух на верата, како што е напишано: „Поверував, затоа зборував,” и ние веруваме и затоа зборуваме,

14. знаејќи дека Оној, Кој Го воскресна Господа Исуса, ќе нè воскресне и нас со Исуса и заедно со вас ќе нè постави пред Себе.

15. Зашто сè е ова заради вас, та благодатта - што се зголемила со посредство на мнозина, да направи да биде изобилна благодарноста за Божјата слава.

16. Затоа не се истоштуваме, па и ако се распаѓа нашиот надворешен човек, внатрешниот се обновува од ден на ден.

17. Зашто, нашата сегашна лесна неволја ни донесува прекумерно, и неизмерно, вечно изобилство на слава,

18. зашто ние не мислиме на она што е видливо, туку на она што е невидливо; зашто видливите работи се поминливи, а невидливите се вечни.