Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 3:4-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. А такво уверување кон Бога имаме преку Христа.

5. Не дека сме способни сами од себе да помислиме за нешто, како сами од себе, туку, нашата способност доаѓа од Бога,

6. Кој и нè оспособи за служители на Новиот завет; не на буквата, туку на Духот, зашто буквата убива, а Духот оживува.

7. Ако пак служењето на смртта, со букви издлабени во камења, беше толку славно, така што Израелевите синови не можеа да го гледаат Мојсеевото лице, поради сјајот на неговото лице, кој требаше да престане,

8. како служењето на Духот не ќе биде уште пославно?

9. Зашто, ако е славно служењето што донесува осуда, многу е поизобилно во слава служењето што донесува праведност.

10. Зашто и она што беше прославено, не е прославено во тој поглед, заради славата која го надвисува.

11. Зашто, ако беше со слава она што било поминливо, многу повеќе е во слава она што е трајно.

12. И така, имајќи ваква надеж, зборуваме со голема смелост;

13. и не сме како Мојсеј, кој ставаше покривало на своето лице, за да не го видат Израелевите синови свршетокот на она што се отстрануваше.

14. Но нивните умови беа закоравени. Зашто, до денешниот ден останува истото покривало при читањето на Стариот Завет, и не се открива, зашто се отстранува само во Христа.

15. И така до денес, кога го читаат Мојсеја, покривалото им лежи на нивното срце.

16. Но, кога Израел се обрати кон Господа, покривалото се отстранува.

17. Зашто Господ е Дух, а каде е Господовиот Дух, таму е слободата.

Прочитајте целосна глава 2 Коринќаните 3