Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 2:1-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Затоа го решив ова во себеси: за да не доаѓам при вас пак во жалост.

2. Зашто, ако јас ве жалостам, тогаш кој ќе ме развеселува мене; ако не оној, кого јас го ожалостувам?

3. И точно тоа ви го пишував, за да не бидам, кога ќе дојдам ожалостен од оние, кои би требало да ме радуваат; уверен во сите вас, дека мојата радост е радост и на сите вас.

4. Зашто, ви пишував во голема тага и при тешкотија на срцето, и со многу солзи, не за да ве ожалостам, туку за да ја запознаете големата љубов, што ја имам кон вас.

5. Ако некој ме ожалостил, не ме ожалостил мене, - туку - во извесна смисла, да не претерувам, сите вас.

6. На таквиот му е доста казната од мнозинството,

7. така што вие треба побргу да му простите и да го утешите, за да не падне преголема жалост на него.

8. Затоа ве молам да покажете љубов кон него.

9. Бидејќи, затоа и ви напишав, за да ве испитам дали сте послушни во сè.

10. А кому ќе му простите нешто вие, нему му проштавам и јас. Зашто, ако сум и простил нешто јас, доколку сум простил, сум простил заради вас во лицето на Христа; за да не земе сатаната предимство над нас;

11. зашто не ни се непознати неговите намери.

12. Кога дојдов во Троада да го проповедам Христовото Евангелие, и кога ми се отвори вратата во Господа,

13. немав мир во својот дух, зашто не го најдов својот брат Тит, и затоа откако се простив од нив, отидов во Македонија.

14. Но, да Му благодариме на Бога, Кој секогаш нè води во Неговата победа во Христа, и на секое место, преку нас, го шири мирисот на Своето познавање;

15. зашто, ние сме пред Бога Христов пријатен мирис меѓу оние, кои се спасуваат, и меѓу оние, кои загинуваат;

16. на едните смртен мирис за смрт, а на другите животен мирис за живот. И кој е способен за сè ова?

17. Зашто, ние не го изопачуваме Божјото слово, како што мнозина го прават тоа, туку зборуваме искрено, како од Бога пред Бога во Христа.

Прочитајте целосна глава 2 Коринќаните 2