Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 10:13-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. А ние не сакаме да се фалиме преку мерка, туку само според мерката на правилото, што Бог ни ја определил како мерка, за да достигнеме и до вас.

14. Зашто, ние не преминуваме преку мерката, како да не сме достигнале до вас; зашто ние стигнавме и до вас со Евангелието на Христа.

15. Не се фалиме преку мерка со туѓи напори, туку се надеваме дека ќе се возвеличиме изобилно меѓу вас, според нашата мерка, кога ќе порасне вашата вера;

16. и да го проповедаме Евангелието подалеку од вас, а да не се фалиме со она што е направено во границите, што им се определени на други.

17. ”Кој се фали, во Господа да се фали.”

Прочитајте целосна глава 2 Коринќаните 10