Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 1:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Павле, апостол на Исуса Христа, преку Божјата волја, и братот Тимотеј до Божјата црква која е во Коринт, со сите свети, кои се по цела Ахаја.

2. Благодат вам и мир од Бога, нашиот Татко, и од Господа Исуса Христа!

3. Благословен Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Татко на милосрдноста и Бог на секоја утеха,

4. Кој нè утешува во секоја наша неволја, за да можеме и ние да ги утешуваме оние, кои се наоѓаат во каква и да е неволја, со утехата со која Бог нè утешува нас самите.

Прочитајте целосна глава 2 Коринќаните 1