Стар Завет

Нов Завет

1 Солунците 1:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. така што им станавте пример на сите верници во Македонија и Ахаја.

8. Зашто, од вас Господовото слово се разгласи не само во Македонија и Ахаја, туку вашата вера во Бога се расшири во секое место, така што нема потреба ние да зборуваме нешто.

9. Имено, самите раскажуваат за нас, каков пристап имавме кон вас и како се обрнавте кон Бога од идолите, за да Му служите на живиот и вистински Бог

10. и да Го чекате Неговиот Син од небесата, Кого Го воскресна од мртвите, Исуса, Кој нè ослободува од гневот што доаѓа.

Прочитајте целосна глава 1 Солунците 1