поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5

Стар Завет

Нов Завет

1 Солунците 1 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Павле и Силван и Тимотеј до црквата на Солунјаните, во Бог Таткото и Господа Исуса Христа, благодат вам и мир.

2. Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, кога ве спомнуваме во своите молитви,

3. зашто си спомнуваме постојано за делата на вашата вера, и за трудот на вашата љубов и за вашата трпелива надеж во нашиот Господ Исус Христос, пред нашиот Бог и Татко.

4. Знаејќи, од Бога возљубени браќа, дека вие сте избрани;

5. зашто нашето проповедање меѓу вас не беше само со слово, туку и во сила, и во Светиот Дух, и во полна увереност; како што знаете какви бевме меѓу вас заради вас.

6. И вие се угледавте на нас и на Господа, примајќи го словото во голема неволја, со радоста на Светиот Дух,

7. така што им станавте пример на сите верници во Македонија и Ахаја.

8. Зашто, од вас Господовото слово се разгласи не само во Македонија и Ахаја, туку вашата вера во Бога се расшири во секое место, така што нема потреба ние да зборуваме нешто.

9. Имено, самите раскажуваат за нас, каков пристап имавме кон вас и како се обрнавте кон Бога од идолите, за да Му служите на живиот и вистински Бог

10. и да Го чекате Неговиот Син од небесата, Кого Го воскресна од мртвите, Исуса, Кој нè ослободува од гневот што доаѓа.