Стар Завет

Нов Завет

1 Петар 2:5-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. та дозволете од самите вас, како живи камења, да се изгради духовен дом, свето свештенство, за да принесувате духовни жртви, кои Му се пријатни на Бога, преку Исуса Христа.

6. Зашто пишува во Писмото: „Еве, поставувам во Сион аголен Камен, одбран и скапоцен; и кој верува во Него, нема да се посрами.”

7. Така, за вас, кои верувате, Тој е скапоцен; а за оние кои не веруваат: „Каменот, кого го отфрлија ѕидарите, но Кој стана аголен камен,”

8. и „камен за сопнување, и стена на соблазнување,” на која се сопнуваат оние, кои се непокорни на словото: за што се и определени.

9. А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, народ придобиен, за да ги прогласите славните дела на Оној, Кој ве повика од темнина во Својата чудесна светлина;

10. вие кои некогаш не бевте народ, сега сте Божји народ; вие кои некогаш не бевте помилувани, сега сте помилувани.

11. Возљубени, ве молам: како туѓинци и придојденици да се воздржувате од телесните желби, зашто тие војуваат против душата.

12. Однесувајте се добро меѓу народите, така што токму во она за што ве клеветат како злосторници; врз основа на вашите добри дела, кога ќе ги видат, да Го прослават Бога во денот на посетата.

13. Заради Господа покорувајте и се на секоја човечка власт: било на цар, како врховник,

14. било на управителите, како негови пратеници, за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалуваат оние, кои прават добро!

15. Зашто ова е Божја волја: правејќи добро да го замолкнете незнаењето на неразумните луѓе,

16. како слободни; и не како оние, кои ја употребуваат слободата како покрив на злобата, туку како Божји слуги!

17. Почитувајте ги сите, љубете го братството, бојте се од Бога, почитувајте го царот!

18. Слуги, покорувајте им се на своите господари со целосен страв, но не само на добрите и кротките, туку и на суровите!

Прочитајте целосна глава 1 Петар 2