Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 8:7-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Но, сите го немаат ова знаење. Имено, некои според својата досегашна навика на идолите - ја јадат храната како идолска жртва, и така се осквернува нивната слаба совест.

8. Меѓутоа јадењето не нè прави угодни на Бога: ниту губиме нешто, ако не јадеме; ниту добиваме нешто, ако јадеме.

9. Но внимавајте оваа ваша слобода да не им стане сопка на слабите!

10. Зашто ако некој те види тебе, кој имаш знаење, како седиш на трпеза во идолскиот храм, нема ли неговата совест, бидејќи е слаба, да биде поттикната да јаде од жртвуваното на идолите?

11. И заради твоето знаење загинува слабиот брат, за кого Христос умре.

12. Така, грешејќи против браќата и ранувајќи ја нивната слаба совест, грешите против Христа.

13. Затоа, ако јадењето го соблазнува мојот брат, нема воопшто да јадам месо довека, за да не го соблазнувам својот брат.

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 8