Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 8:3-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Но, ако некој Го љуби Бога, него Бог го познава.

4. И така, во однос јадењето на идолски жртви, знаеме дека идолот не е ништо во светот и дека нема друг Бог освен Единиот.

5. Зашто, ако и има таканаречени богови, било на небото, било на земјата, како што има многу богови и многу господари,

6. но, ние имаме еден Бог, Татко, од Кого е сè и за Кого сме ние, и еден Господ Исус Христос, преку Кого е сè, и преку Кого сме и ние.

7. Но, сите го немаат ова знаење. Имено, некои според својата досегашна навика на идолите - ја јадат храната како идолска жртва, и така се осквернува нивната слаба совест.

8. Меѓутоа јадењето не нè прави угодни на Бога: ниту губиме нешто, ако не јадеме; ниту добиваме нешто, ако јадеме.

9. Но внимавајте оваа ваша слобода да не им стане сопка на слабите!

10. Зашто ако некој те види тебе, кој имаш знаење, како седиш на трпеза во идолскиот храм, нема ли неговата совест, бидејќи е слаба, да биде поттикната да јаде од жртвуваното на идолите?

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 8