Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 6:6-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Туку брат се суди со брат, и тоа пред неверници!

7. Без сомнение, тоа е за сите вас неуспех, дека имате парници помеѓу себе. Зошто порадо не ја претрпите неправдата? Зошто порадо не ја прежалите штетата?

8. Туку вие сами ги онеправдувате и оштетувате, и тоа браќата!

9. Или не знаете ли дека неправедниците нема да го наследат Божјото Царство? Не измамувајте се! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци),

10. ни крадците, ни лакомците, ни пијаниците, ни клеветниците, ни разбојниците, нема да го наследат Божјото Царство.

11. И некои од вас беа такви. Но, се измивте, и се осветивте, и се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос и во Духот на нашиот Бог.

12. Сè ми е дозволено, но не е сè полезно. Сè ми е дозволено, но не сакам нешто да завладее над мене.

13. Храната е за стомакот, а стомакот за храната; Бог ќе ги уништи и едното и другото. А телото не е за блудство, туку за Господа, и Господ за телото;

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 6