Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 5:6-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Вашето фалење не е добро. Не знаете ли дека малку квас, го потквасува целото тесто?

7. Очистете се од стариот квас, за да бидете ново тесто, како што сте бесквасни. Зашто и Христос, нашето пасхално јагне, беше жртвувано за нас.

8. Затоа треба да празнуваме не со стариот квас, ниту со квасот на злобата и лукавството, туку со бесквасниот леб на искреност и вистина.

9. Ви пишував во писмото, да не се мешате со блудници,

10. не воопшто со блудниците на овој свет, или со лакомците, или со разбојниците, или со идолопоклонците, зашто тогаш би требало да излезете од светот.

11. Но сега ви напишав да не се дружите со оној, кој се наречува брат, а блудник е или лакомец, или идолопоклоник, или хулник, или пијаница или разбојник. Со таков и да не јадете!

12. Зашто, не ми се паѓа мене да ги судам оние, кои се надвор? Зар вие не им судите на оние, кои се внатре?

13. А Бог ќе им суди на оние кои се надвор. „Отстранете го злиот од својата средина!”

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 5