Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 5:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Општо се зборува дека меѓу вас има блудство, и тоа такво какво нема ни меѓу народите: дека некој ја има татковата жена.

2. А вие уште се вообразивте, место да тагувате! - да се отстрани од вашата средина, оној, кој го направил тоа дело!

3. Зашто, иако со телото не сум при вас, но присутен сум со духот, јас веќе го осудив, како да сум присутен, оној, кој го направил тоа:

4. кога, во името на нашиот Господ Исус, ќе се соберете вие и мојот дух, со силата на нашиот Господ Исус,

5. да го предадете таквиот на сатаната, за пропаст на неговото тело, за да се спаси неговиот дух во Денот на нашиот Господ Исус.

6. Вашето фалење не е добро. Не знаете ли дека малку квас, го потквасува целото тесто?

7. Очистете се од стариот квас, за да бидете ново тесто, како што сте бесквасни. Зашто и Христос, нашето пасхално јагне, беше жртвувано за нас.

8. Затоа треба да празнуваме не со стариот квас, ниту со квасот на злобата и лукавството, туку со бесквасниот леб на искреност и вистина.

9. Ви пишував во писмото, да не се мешате со блудници,

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 5