Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 2:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И јас, кога дојдов при вас, браќа, не дојдов со висок говор или со мудрост, за да ви го проповедам Божјото сведоштво;

2. зашто решив да не знам меѓу вас ништо друго, освен Исуса Христа, и тоа Распнатиот.

3. И јас бев со вас во слабост, и во страв, и во многу трепет,

4. и моето слово и мојата проповед не се состоеја во убедливи зборови на мудроста, туку во докажување на Духот и силата,

5. та вашата вера да не биде основана на човечката мудрост, туку на Божјата сила.

6. Па сепак, ја говориме мудроста меѓу совршените; но не мудроста на овој свет ни на владетелите на овој свет, кои пропаѓаат,

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 2