Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 16:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Ако дојде Тимотеј, гледајте да биде без страв меѓу вас, зашто и тој го работи Господовото дело како и јас.

11. Затоа никој да не го презира! Испратете го во мир, да дојде при мене, зашто го чекаме со браќата.

12. Што се однесува за братот Аполос, многу го охрабрив да дојде при вас со браќата, но никако не сакаше да дојде сега; но ќе дојде кога ќе има прилика.

13. Бдејте! Стојте цврсто во верата, бидете мажествени, бидете силни!

14. Сè при вас да станува со љубов!

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 16