1. А за собирањето милостини за светите, правете и вие како што им наредив на Галатските цркви.
2. Во секој прв ден, секој од вас, нека оддели и остави при себеси колку што може, за да не се врши собирањето кога ќе дојдам.
3. А кога ќе дојдам таму, ќе ги испратам, со писма, оние, кои вие ќе ги најдете за достојни, да го однесат дарот на вашата љубов во Ерусалим.
4. А ако биде прилично да одам и јас, тие ќе тргнат со мене.
5. При вас ќе дојдам, откако ќе ја поминам Македонија, зашто поминувам низ Македонија;
6. а при вас можеби ќе се задржам, па и да презимувам, за да ме испратите каде што одам.
7. Зашто не сакам да ве видам сега само на минување; но, се надевам да останам некое време при вас, ако Господ дозволи.