Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 16:1-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А за собирањето милостини за светите, правете и вие како што им наредив на Галатските цркви.

2. Во секој прв ден, секој од вас, нека оддели и остави при себеси колку што може, за да не се врши собирањето кога ќе дојдам.

3. А кога ќе дојдам таму, ќе ги испратам, со писма, оние, кои вие ќе ги најдете за достојни, да го однесат дарот на вашата љубов во Ерусалим.

4. А ако биде прилично да одам и јас, тие ќе тргнат со мене.

5. При вас ќе дојдам, откако ќе ја поминам Македонија, зашто поминувам низ Македонија;

6. а при вас можеби ќе се задржам, па и да презимувам, за да ме испратите каде што одам.

7. Зашто не сакам да ве видам сега само на минување; но, се надевам да останам некое време при вас, ако Господ дозволи.

8. Во Ефес ќе останам до Педесетницата,

9. зашто ми се отвори за работа голема и делотворна врата, а противниците се многу.

10. Ако дојде Тимотеј, гледајте да биде без страв меѓу вас, зашто и тој го работи Господовото дело како и јас.

11. Затоа никој да не го презира! Испратете го во мир, да дојде при мене, зашто го чекаме со браќата.

12. Што се однесува за братот Аполос, многу го охрабрив да дојде при вас со браќата, но никако не сакаше да дојде сега; но ќе дојде кога ќе има прилика.

13. Бдејте! Стојте цврсто во верата, бидете мажествени, бидете силни!

14. Сè при вас да станува со љубов!

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 16