Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 13:8-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби : ако се пророштва - ќе се отстранат; јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне.

9. Зашто, делумно знаеме и делумно пророкуваме,

10. но кога ќе дојде совршеното, ќе се отстрани делумното.

11. Кога бев дете, зборував како дете, мислев како дете, расудував како дете. А кога станав маж, го отстранив детинското.

12. Зашто, сега гледаме како во огледало - нејасно; но тогаш: лице во лице. Сега знам делумно, но тогаш ќе сознам целосно, како што и јас бев самиот наполно познат.

13. А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив.

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 13