Стар Завет

Нов Завет

1 Јован 5:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. И ова е сведоштвото: Бог ни даде вечен живот, и тој живот е во Неговиот Син.

12. Кој Го има Синот, има живот; кој Го нема Божјиот Син, нема живот.

13. Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот и да верувате во името на Божјиот Син.

14. И ова е смелоста која ја имаме кон Него: дека нè слуша ако просиме нешто по Неговата волја.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 5