Стар Завет

Нов Завет

1 Јован 5:10-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Кој верува во Божјиот Син, го има сведоштвото во себе; кој не Му верува на Бога, Го направил лажец, зашто не поверувал во сведоштвото, кое Бог го сведочел за Својот Син.

11. И ова е сведоштвото: Бог ни даде вечен живот, и тој живот е во Неговиот Син.

12. Кој Го има Синот, има живот; кој Го нема Божјиот Син, нема живот.

13. Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот и да верувате во името на Божјиот Син.

14. И ова е смелоста која ја имаме кон Него: дека нè слуша ако просиме нешто по Неговата волја.

15. И кога знаеме дека нè слуша, што и да Го молиме, знаеме дека ги имаме добиено молбите што ги побаравме од Него.

16. Ако некој го види својот брат да врши грев, што не води кон смрт, нека моли, и ќе му даде живот, имено на оние, кои не вршат грев што води кон смрт. Има грев што води во смрт, за тој грев не велам да моли.

17. Секоја неправда е грев, а има грев што не води во смрт.

18. Знаеме дека ниеден, кој е роден од Бога, не греши, туку родениот од Бога се пази себеси и лукавиот не се допира до него.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 5