Стар Завет

Нов Завет

1 Јован 5:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Секој, кој верува дека Исус е Христос, роден е од Бога; секој, кој го љуби Родителот, го љуби и оној, кој е роден од Него.

2. По тоа познаваме дека ги љубиме Божјите деца: кога Го љубиме Бога и ги пазиме Неговите заповеди.

3. Зашто ова е љубовта Божја: да ги исполнуваме Неговите заповеди; а Неговите заповеди не се тешки,

4. зашто сè што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата која го победи светот: нашата вера.

5. Кој е тој, кој го победува светот, ако не оној, кој верува дека Исус е Божји Син?

6. Тој е Оној Кој дојде преку вода и крв, Исус Христос; не само со водата, туку со водата и со крвта; и Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистината.

7. (Зашто тројца се Кои сведочат во небото: Таткото, Словото и Светиот Дух; и Овие Три се едно).

8. И тројца се Кои сведочат на земјата: Духот и водата и крвта, и овие три се согласни.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 5