Стар Завет

Нов Завет

1 Јован 4:10-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Љубовта е во ова: не дека ние сме Го возљубиле Бога, туку Тој нè возљуби нас и Го испрати Својот Син како жртва помирница за нашите гревови.

11. Возљубени, ако Бог нè возљуби така, и ние треба да се љубиме еден со друг.

12. Бога никој никогаш не Го видел; ако се љубиме еден со друг, Бог останува во нас и Неговата љубов стана совршена во нас.

13. По тоа познаваме дека остануваме во Него и Тој во нас, што ни дал од Својот Дух.

14. И ние гледавме и сведочевме дека Бог Таткото Го испрати Синот како Спасител на светот.

15. Ако некој исповеда дека Исус е Син Божји, Бог останува во него и тој во Бога.

16. И ние ја запознавме и верувавме во љубовта, која Бог ја има кон нас. Бог е љубов: и кој останува во љубовта, останува во Бога и Бог останува во него.

17. Љубовта во нас дојде до совршенство во тоа: ние да имаме смелост во Судниот Ден, зашто каков е Тој, такви сме и ние во светов.

18. Во љубовта нема страв, туку совршената љубов го изгонува стравот; зашто стравот вовлекува казна; а кој се бои, не дошол до совршенство во љубовта.

19. Ние Го љубиме, зашто прво Тој нè возљуби нас.

20. Ако некој рече: „Го љубам Бога”, а го мрази брата си, лажец е; зашто кој не го љуби брата си, кого го видел, не може да Го љуби Бога, Кого не Го видел.

21. И оваа заповед ја имаме од Него: кој Го љуби Бога, да го љуби и својот брат.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 4