Стар Завет

Нов Завет

1 Јован 2:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Дечиња мои, ова ви го пишувам за да не згрешите; и ако некој згреши, имаме Бранител при Таткото: Исуса Христа, Праведникот.

2. Тој е жртва помирница за нашите гревови; не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет.

3. И по тоа знаеме дека сме Го познале, ако ги пазиме Неговите заповеди.

4. Кој вели: „Го познав”, а не ги пази Неговите заповеди, лажец е и вистината не е во него.

5. А кој го пази Неговото слово, во него, навистина, љубовта кон Бога стигнала до совршенство. По тоа знаеме дека сме во Него.

6. Кој вели дека останува во Него, тој треба да оди, како што одеше Тој.

7. Возљубени, не ви пишувам нова заповед, туку старата заповед, што ја примивте од почеток; старата заповед е словото, што сте го чуле.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 2