16. Самиот Дух му сведочи на нашиот дух дека ние сме чеда Божји.
17. А ако сме, пак, чеда, ние сме и наследници: наследници на Бога и сонаследници Христови, но само ако со Него страдаме, та со Него и да се прославиме.
18. Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас.
19. И секое создание со нетрпение го очекува откривањето на синовите Божји,
20. зашто и созданието не ѝ се покори на суетата доброволно, туку по волјата на Оној Кој го покори, а со надеж,