1. Потоа погледав, и ете, отворена врата на небото, и поранешниот глас, што го бев чул како од труба, кој зборуваше со мене, рече: „Искачи се овде и ќе ти покажам што треба да стане потоа!“
2. И веднаш бев обземен од духот. И ете, на небото стоеше престол, и на престолот седеше Некој.
3. Оној што седеше изгледаше како камен јаспис и сардис, а околу престолот виножито, кое прилегаше на смарагд.
4. Околу престолот, пак, имаше дваесет и четири престоли; и на престолите видов седнати дваесет и четири старешини, облечени во бели алишта, а на главите светкавици, громови и гласови; имаа златни венци.
5. И од престолот излегуваа молњи, громови и гласови, а пред престолот гореа седум огнени светила, кои се седумте Божји духови;
6. пред престолот, пак, имаше стаклено море, слично на кристал; а сред престолот и околу престолот – четири животни, однапред и одназад полни со очи:
7. првото животно прилегаше на лав, второто – на теле, третото животно имаше лице како на човек, а четвртото личеше на орел во лет.
8. Четирите животни имаа по шест крилја околу себе, а однатре беа полни со очи, и без прекин дење и ноќе воскликнуваа: „Свет, свет, свет е Господ Бог Седржителот, Кој беше, Кој е и Кој ќе дојде!“
9. А кога животните Му оддаваа слава, чест и благодарност на Седнатиот на престолот, на Живиот во сите векови,
10. дваесет и четирите старешини паѓаа пред Седнатиот на престолот, Му се поклонуваа на Живиот во сите векови и ги полагаа своите венци пред престолот, велејќи: