9. Кога одеа да им јават на Неговите ученици, ете, Исус, ги пресретна и им рече: „Радувајте се!“ А тие се приближија, ги гушнаа нозете Негови и Му се поклонија.
10. Тогаш Исус им кажа: „Не плашете се; одете и соопштете им на браќата Мои, да отидат во Галилеја, и таму ќе Ме видат.“
11. Кога одеа тие, ете, некои од стражарите, влегувајќи в град, им кажаа на првосвештениците за сето она што беше станало.
12. И тие, кога се собраа со старешините и се посоветуваа, им дадоа многу пари на војниците,
13. велејќи: „Кажете дека: ‚учениците Негови дојдоа ноќе и Го украдоа додека ние спиевме;‘
14. и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го убедиме и вас ќе ве ослободиме од грижа.“
15. А тие ги зедоа парите и направија, како што беа научени. И тој глас се пренесува меѓу Јудејците и до денес.
16. А единаесетте ученици отидоа во Галилеја, на гората, каде што им беше заповедал Исус;
17. па, штом Го видоа, Му се поклонија; а некои се посомневаа.
18. А Исус, кога пристапи, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата.
19. Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух,
20. и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до крајот на светот.“ Амин!